Како да Изберете Метод за Онлајн Казино Уплати и Исплати – 9+ Совети и Искуства

Доколку се прашувате како да изберете метод за онлајн казино уплати и исплати (payment methods), ние сме тука да помогнеме. Одбирањето добро платежно средство може да направи огромна разлика во брзината на трансакциите и елиминацијата на провизии.

Доколку сѐ уште сте неодлучни која опција да ја користете, би ни било задоволство да споделиме искуства со вас. Нашиот тим се состои од онлајн казино ентузијасти со огромно знаење.

Уплатите се неопходни за играње и активирање одредени бонуси, додека исплатите ги прават вашите добивки достапни за користење. Без разлика на која страна од равенката се наоѓате, добро е да го прочитате нашиот водич на темата!

Содржина

Дознајте ги и водете се според вашите преференци

Најпрвин треба да ги дознаете вашите преференци за онлајн казино уплати.

Запрашајте се дали сакате методи кои имаат побрзи периоди за процесирање или пак некои што се побавни но посигурни? Дали методот мора да е локален или пак може да е некој што е прифатен на глобално ниво?

Сите овие прашања можат да направат голема разлика. Сепак, не е важно дали некој електронски паричник е брз и евтин доколку вие не го користите или пак не сакате да го користите.

Исто е важно колкави суми планирате да префрлате, бидејќи не сите методи на онлајн казино уплати и исплати ги подджуваат истите лимити.

Доколку не сте свесни кои фактори треба да ги земете во предвид, ние подолу ќе ги објасниме најважните. За секој од нив добро е да имате барем отприлика очекувања што сакате да добиете.

Безбедносни мерки и карактеристики

Вашите средства ќе бидат надвор од опасност доколку платежното средство има адекватни безбедносни мерки. Некои карактеристики од овој тип што треба да ги имате во предвид се следните.

Енкрипција

Енкрипцијата ви ги крие личните податоци. На тој начин, трети страни кои немаат дозвола нема да можат да ги декриптираат и да ги злоупотребат. Повеќето популарни начини на уплата во онлајн казина имаат топ енкрипција и алатки за заштита на корисничките информации.

Автентикација со два чекора (2-factor authentication)

2FA е едно од најчестите користени безбедносни мерки. Некои платежни средства користат лозинки и отпечаток од прст или препознавање на лицето. Други користат Authenticator апликации каде генерираат код кој мора да го внесете во дадено поле или пак кодови кои се праќаат по SMS.

Овој дополнителен чекор на автентикација е одличен во случај некој да дојде до вашите информации за логирање на казиното или пак ги украде вашите податоци за плаќање. Благодарение на овој чекор, тое информации нема да можат да бидат злоупотребени.

Заштита од измами

Системите за заштита од измами ги анализираат казината кадешто сакате да уплатите пари преку вештачка интелигенција. Доколку тие казина се сомнителни, платежниот провајдер ќе ве извести и ќе ве спречи да уплатите пари на сметка што се знае дека е веројатно измамничка.

Корисничка приватност и анонимност

Самото платежно средство треба да го штити вашиот идентитет. На пример, е-паричниците не го користат вашето име или сметка на банка, туку користат уникатни броеви или пак вашиот емаил.

Крипто валутите водат во однос на приватност и анонимност бидејќи со нив вашиот идентиет и сите информации остануваат скриени. За да вршите онлајн казино уплати и исплати преку крипто, ги користите само броевите на вашиот крипто паричник.

Така што, доколку ви се важни овие работи, добро е да знаете кои се најдобри опции во тој домен.

Брзина на трансакции

Колку побрзи се трансакциите со платежното средство, толку побрзо ќе може да ги користите вашите средства. Со други зборови, ефикасноста игра голема улога во изборот на методот за онлајн казино уплати и исплати.

Ајде да дознаеме повеќе за времето на процесирање.

Инстантни депозити

Депозитите во најголем случај се инстантни. Откако ќе ја потврдите трансакцијата, средствата ќе се префрлат во рок од неколку секунди. Еден исклучок тука се банкарските трансакции коишто се традиционално бавни и им требаат барем еден работен ден.

Брзина на исплати

Брзината на исплати зависи од методот и од политиката на казиното. Статистички гледано, криптовалутите се најбрзи бидејки тие нудат речиси инстатни исплати. Дигиталните паричници се исто така брз начин на добивање на вашите пари.

Споредба на брзина на процесирање на платежни средства

Е-паричниците имаат период на процесирање од околу 24 часа.
Картичките имаат период на процесирање од околу 3 работни дена.
Трансферите преку банка се најбавни – нивниот период на процесирање може да трае до 7 работни дена.
Крипто трансакциите немаат стандардно време на процесирање, но често се инстантни или пак се комплетираат за неколку часа.

Провизии на онлајн казино платежни средства

Понекогаш, ефикасноста доаѓа со одредена цена. Ако сакате да уживате брзи онлајн казино уплати и исплати, можно е да морате да платите провизии кои се наплаќаат од страна на казиното или самото платежно средство. Некогаш, дури и најдобрите онлајн казина имаат барем некакви провизии и едноставно мора да ги земете во предвид.

Ајде да дознаеме повеќе за провизиите и како тие влијаат на вашето искуство.

Провизии за онлајн казино уплати

Најчесто, платежните средства не наплаќаат провизии за онлајн казино уплати. Ваквите трошоци можат да дојдат од казиното и истите се прилично ниски.

Добро е да се напомене дека при крипто трансфери секогаш има провизија за користење на мрежата. Тие провизии не може да се избегнат и не се поврзани со казиното, но воедно и не се големи.

Провизии за исплати

Процесирањето исплати доаѓа со провизии доколку користите е-паричници. Во најголем број случаи, провизијата е процент од самата исплата.

Друг онлајн казино метод за исплата што има провизии се банкарските трансфери. Вообичаено, можно е да треба да платите 5-10 евра за процесирање на трансферот, особено ако оди преку повеќе банки.

И во овој случај важат провизиите поврзани со крипто трансфери што ги објаснивме погоре. Провизиите се менуваат и зависат од тоа дали има многу „гужва“ во моментот и даил сакате да платите повеќе за побрзо да ги добиете средствата.

Провизии за конвертирање валути

Доколку вашето платежно средство е подесено на една валута, а користите друга валута во казиното, ќе плаќате провизии за конвертирање. Колку пониска е таа провизија, толку подобро.

Во овој случај, само едно казино работи со македонскиот денар, а тоа е Megapari. Кај крипто казината нема такви трошоци бидејќи вообичаено користите една дигитална валута. Доколку решите таа валута да ја промените, тогаш ќе имате провизии.

Минимални и максимални трансфери

Минималните и максималните онлајн казино уплати и исплати се менуваат во зависност од платежното средство. Главната цел е да изберете средство кое овозможува ниски уплати, а има високи граници за исплати. Така ќе добиете огромна флексибилност.

Минимална уплата

Во поглед на минималната уплата, секое платежно средство што има опција да депонирате 5-10 евра е супер опција. Помали граници се уште подобри но и ретки. Добро е да знаете дека банкарските трансфери вообичаено дозволуваат поголеми онлајн казино уплати, а картичките и дигиталните паричници се пофлексибилни, исто како и криптото.

Доколку имате мал буџет, фокусот треба да ви биде на опциите што дозволуваат мали онлајн казино уплати.

Максимална исплата

Идеално решение е платежното средство да нема максимални граници (криптовалутите се добар пример за тоа). Доколку има, границата треба да биде што е можно повисока. Зошто? Па, да речеме дека ќе добиете добар џекпот од 5.000 евра па и повеќе, сигурно ќе сакате парите да ги добиете брзо и лесно наместо да чекате со недели или месеци.

Достапност за македонски играчи

Некои платежни средства се далеку покористени во споредба со други. На пример, Македонците многу почесто користат картички отколку е-паричници. Секако, платежното средство што го преферирате мора да биде достапно во што е можно повеќе онлајн казина.

На пример, некои дигитални паричници како PayPal можно е да се прифаќаат од страна на онлајн казиното. Сепак, ние знаеме дека овој паричник дозволува само онлајн казино уплати за македонските граѓани и нема да можете да повлечете пари на него, што не е баш идеално.

Методи на уплата во комбинација со казино бонуси

Одредени платежни опции како Skrill и Neteller се често недостапни за добивање бонуси. Тоа значи дека иако ја уплатете бараната сума, казиното нема да го префрли бонусот на вашата сметка. Затоа, бирајте опции кои се секогаш валидни за промоции. Картичките и криптовалутите се меѓу најчесто користени средства за добивање бонуси и промоции. Најдобрите крипто казина, на пример, имаат многу бонуси што може да ги добиете само со крипто уплати.

Корисничка поддршка

Проверете дали кориснничката поддршка на самото платежно средство е достапна за Македонци и како можете да ја исконтактирате. Брзите одговори се од екстремна важност доколку наидете на некој проблем.

Има доста случаи каде што онлајн казино уплати или исплати од страна на играчите не биле успешни, а проблемот доаѓа од самото платежно средство. Доколку тоа е случајот, само корисничката поддршка може да ви понуди адекватна помош.

Воедно, проверете на кои јазици можете да побарате помош. Англискиот а најчест избор, што може да е проблем доколку не го зборувате тој јазик.

Рецензии и искуства од други корисници

Разгледајте рецензии од други корисници, а и земете ги во предвид нашите совети. Тие ќе ви кажат дали е лесно да се користи самото платежно средство, дали е погодно за онлајн коцкање, дали има некакви проблеми, итн.

Сите овие информации ќе ви помогнат да одлучите дали вреди да користите одредена опција за играње онлајн казино игри или не.

Преглед на популарни платежни средства

Македонците преферираат да користат картички, но тие не се единствените достапни платежни средства. Казината даваат огромни листи на опции, а неколку од најпопуларните (покрај картички) се Skrill, Neteller, PayPal, Apple Pay, како и криптовалутите.

Еве што може да очекувате од секоја опција, но немојте да се надевате дека сите се достапни за македонски играчи.

Платежно средствоТип УплатиИсплатиПровизииДостапно за Македонци
VISAMasterCardMaestroDiner’sДебитна или кредитна картичкаИнстантни1-3 работни денаНема провизииНајчесто да
SkrillЕ-паричникИнстантни0-48 часаДо 3% на уплати;Провизии за конвертирање кои зависат од валутитеДа
NetellerЕ-паричникИнстантни0-48 часа2.99% за уплати;Провизии за конвертирање кои зависат од валутитеНе
PayPalЕ-паричникИнстантни0-48 часаНема провизии, освен ако не треба да се конвертира валутатаМожеби за онлајн казино уплати
Apple PayЕ-паричник (достапен само за Apple корисници) Инстантни0-48 часаНема провизииНе
Криптовалути КриптоИнстантниИнстантниПровизија за користење мрежаДа

Како што гледате, најчести опции се платежни картички, дигитални паричници и крипто валути.

Запомнете ги најважните аспекти при избирањето на онлајн казино метод на уплата и исплата. Така ќе заштедите време и пари наместо да имате нервози. Колку и да се важни казино бонусите и игрите, ништо од тоа не е важно доколку не можете да уплатите пари за да играте или пак доколку не можете да си ја искеширате добивката.

Па ајде, земете ги во предвид нашите совети и осигурајте се дека вашето играње ќе биде безгрижно и лесно! Секако, не заборавајте на управување со вашиот онлајн казино буџет и одговорно играње!

Александар е голем онлајн казино ентузијаст и играч со искуство од повеќе од 10 години. Главна цел му е да споделува корисни и проверени информации за играчите да носат паметни одлуки.