Онлајн Казино Обртни Барања (Wagering Requirements) – Како Функционираат?
Обртни барања (wagering requirements) претставуваат бонус правило кое бара од играчот да ја изигра бонус сумата одреден број пати пред да може да кешира.
Секој онлајн казино бонус има правила на игра кои мора да ги почитувате. Само така можете да го добиете бонусот, да го користите и да си ги исплатите добивките добиени со него
Еден од најкомплицираните правила поврзани со казино бонусите се обртните барања. Тие се бројка која кажува колку треба да изиграте пред исплата, но и дали сумата го вклучува само бонусот или пак бонусот и уплатата.
Важно е да го разберете концептот за да препознавате добри бонус понуди. Па затоа нашиот KazinoPro.mk тим го создаде овој водич на темата.
Содржина
- Што се обртни барања?
- Како обртните барања фунцкионираат?
- Типови обртни барања
- Важни поими кои треба да ги знаете
- Значење на обртните барања
- Како да ги пресметате обртните барања
- Совети за да ги исполните обртните барања
- Регулативи и лимити поврзани со обртните барања
- Завршни зборови - што да имате во предвид
Што се обртни барања?
Обртни барања ја претставуваат сумата која треба да ја изиграте доколку сакате да си ги исплатите добивките што сте ги добиле со самиот бонус. Најчесто, овие барања се достапни на кај сите видови бонуси.
Секое транспарентно онлајн казино јасно ги прикажува обртните барања за секој бонус кај самите правила. Ќе ги препознаете под поимот Wagering Requirements, иако постојат и синоними како Rollover Requirements и Playthrough Requirements.
Секогаш се претставени како бројка, а просекот е 30х до 45х. Иксот по бројката нагласува дека бројката се множи или со бонус сумата, или со сумата од бонусот плус уплатата, или пак со добивката од бесплатните спинови.
Забелешка – Некои онлајн казина имаат обртни барања од 1х на секоја уплата со цел да спречат сомнително користење на нивните платформи. Во овој случај, обртните барања не се поврзани со бонус туку со основно правило за користење на сајтот.
Како обртните барања фунцкионираат?
Обртните барања се претставени како бројка и јасно е нагласено со што треба да ја помножите таа бројка (бонус, уплата плус бонус, или добивка од бесплатни спинови) за да може да кеширате.
Погледнете ја табелата со примери за да разберете како точно функционираат обртните барања.
Обртни барања | Уплата | Бонус | Добивка од бесплатни спинови | Вкупно за изигрување |
35х бонус сума | 50 евра | 50 евра | / | 35 х 50 = 1.750 евра |
35х бонус плус уплата | 50 евра | 50 евра | / | 35 х 100 = 3.500 евра |
35х добивка од бесплатни спинови | 50 евра | / | 70 евра | 35 х 70 = 2.450 евра |
Нема обртни барања (no wager) | 50 евра | 50 евра | / | 0 евра |
Најважната карактеристика на обртните барања е обложувањето со вистински пари. Бонус кешот најчесто нема никаков придонес кон исполнување на барањата.
Крајната цифра ја претставува сумата на вистински пари која треба да ја изиграте (без разлика дали ќе добиете нешто или не). Притоа, не секоја категорија на игри има ист придонес кон обртните барања.
Добро е да се споменат транспарентни онлајн казина коишто ви нудат автоматско калкулирање на обртните барања. Па така, вие ќе може да го следите прогресот без самите да правите математики.
Забелешка: Најчесто, добивате бонус па треба да ги исполните обртните барања за да кеширате. Некои казина по најново прво бараат да исполните обртни барања, па потоа го активираат бонусот којшто е веќе чист.
Типови обртни барања
Казино бонусите имаат неколку типови на обртни барања, во зависност од тоа дали се работи за бонус со депозит или без. Воедно, секој оператор има различни барања од играчите, а постојат и бонуси без обртни барања.
Подолу, накратко ќе ги покриеме опциите што најчесто ќе ги сретнете.
Обртни барања на бонус сума
Овие обртни барања најчесто се дел од бонуси без депозит, но и во други случаи. Обртот го пресметувате со тоа што ги множите барањата со бонус сумата која ја добивате.
- Пример: добивате 20 евра бонус без депозит со 50х обртни барања. Помножете го бонусот од 20 евра со обртните барања од 50х и ќе добиете 1.000 евра. Толку треба да изиграте за да може да кеширате добивки.
Обртни барања на сумата од бонус и депозит
Овие обртни барања ќе ги најдете само кај бонусите кои се активираат со уплата. Ја множите сумата која ја уплаќаате со самите барања. Доколку казиното тоа го бара, во равенката го додавате и бонусот што сте го добиле.
- Пример: добивате 100% бонус од 50 евра на уплата од 50 евра со 30х обртни барања. Вкупната сума од 100 евра (бонус 50 + уплата 50) ја множите со 30 и добивате 3.000 евра.
Обртни барања на добивките од бесплатни спинови
Во ситуација кога добивате бесплатни спинови, па нема со што да се множи обртното барање, тогаш можно е да треба да се фокусирате на добивката од спиновите. Односно, откако ќе ги искористите спиновите, видете колку сте добиле и тоа множете го со обртните барања.
- Пример: добивате 50 бесплатни спинови со обртни барања 50х и со нив освојувате 50 евра. Добивките од 50 евра множете ги со 50 обртни барања и добивате 2.500 евра.
Важни поими кои треба да ги знаете
Обртните барања се поврзани со сите правила на самиот бонус. За подобро да се запознаете со нив и да имате претстава како да ги исполнете на најефикасен начин, мора да ги знаете и останатите правила.
- Обрт / изигрување – Бројката со која го множите депозитот и/или бонусот за да знаете колку пари треба да вложите за да исплатите награди од бонусот.
- Достапни и дозволени игри – Игри кои можете да ги играте со бонусот и воедно игри кои придонесуваат кон обртните барања. Некогаш може да играте една игра, некогаш само топ онлајн слотови, а некогаш нешто трето.
- Времетраење – Период во кој мора да ги исполните обртните барања. Доколку не го почитувате времетраењето, казиното ги одзема бонус средствата.
- Обртни придонеси – Процент на придонес кон обртот на секоја категорија на игри. На пример, слотовите обично имаат 100% придонес, а игрите на маса имаат 5% до 10%, а некогаш и нула. Тоа значи дека за секое 1 евро вложено на слотови, 1 евро оди кон придонес. За секое 1 евро вложено на игри на маси, 5-10 центи одат кон придонес.
- Бонус без обртни барања – Тип на бонус кој нема никакви обртни барања. Едноставно го добивате и веднаш можете да ги исплатите наградите кои ги добивате со него.
- Бонус кој може да се кешира – Бонус кој може веднаш да се кешира откако ќе го добиете. Ова се однесува на самата бонус сума, во смисла доколку имате бонус од 50 евра, дали можете да ги искеширате или само да ги потрошите на играње.
- Бонус кој не може да се кешира – Бонус кој не може да се кешира, туку мора да се искористи на игрите. Два најдобри примери за овој тип на бонус се бесплатните спинови и бонус пари без депозит.
- Максимален влог – Казината најчесто воведуваат максимален влог додека изигрувате бонус, па не смеете да ставате влогови поголеми од таа сума. Нашето искуство покажува дека максималниот влог најчесто е до 5 евра по рунда.
Значење на обртните барања
Обртните барања се круцијален дел од секој бонус бидејќи покажуваат кои можности ги нуди бонусот и каква е неговата вредност. Доколку не ги исполните, казиното нема да ги одземе само бонус средствата што сте ги добиле, туку и самите награди кои сте ги освоиле со бонусот.
Затоа е важно да се обрати внимание најпрво на самата бројка (20х, 30х, 45х, итн.), а потоа на што се е вклучено (бонус, бонус и уплата). Доколку обртните барања се неразумни, шансите да имате корист од бонусот се мали.
Од гледна точка на топ онлајн казината, обртните барања постојат да гарантираат фер игра и фер користење на бонусите. Порано, играчите ги земаа и кешираа бонусите веднаш. Бидејќи казината нудат бонуси за да ви дадат шанса да се запознаете со платформата и игрите, тие воведоа обртни барања.
Со обртните барања во игра, играчот мора да помине некое време играјќи игри и уживајќи во акцијата.
Како да ги пресметате обртните барања
Равенката за пресметување обртни барања е многу едноставна и зависи од тоа што е вклучено во пресметките (бонус, уплата, добивка).
Доколку станува збор за бонус во кој само бонусот е дел од обртните барања, равенката е следна:
Обртни барања х бонусот кој сте го добиле = вкупната сума која треба да се изигра
Доколку и бонусот и уплатата влегуваат во пресметките, равенката е следна:
Обртни барања х уплата х бонус сума = вкупната сума која треба да се изигра
Доколку нема уплата или бонус сума, туку само добивки од бесплатни спинови, равенката е следна:
Обртни барања х вкупните добивки од бесплатните спинови = вкупната сума која треба да се изигра
Притоа, мора да го имате во предвид фактот дека најчесто само вистински пари придонесуваат кон обртот.
Совети за да ги исполните обртните барања
Исполнувањето обртни барања е најголемиот предизвик за секој играч. Неколку совети кои можете да ги издвоиме за побрзо и полесно да ги исполните се следните:
Бирајте бонуси со ниски обртни барања (30-35 или пониски).
Играјте игри со 100% придонес кон барањата.
Избегнувајте промоции кои бараат да го множите депозитот и бонусот.
Бирајте бонуси кои имат подолго времетраење во однос на обртните барања.
Доколку бонусот има една дозволена игра, проверете дали има висок процент на исплата.
Играјте игри со мал минимален влог и ниска-средна варијабилност за да останете подолго во игра.
Еве и една табела за споредба на поволноста на обртните барања.
Обртно барање | Тип | Поволност |
0х | Бонус | Најповолно |
5х | Бонус | Многу поволно |
10х | Бонус | Многу поволно |
15х | Бонус | Поволно |
20х | Бонус | Поволно |
30х | Бонус | Просечно |
30х | Бонус + уплата | Неповолно |
35х | Бонус | Просечно |
45х | Бонус | Просечно |
45х | Бонус + уплата | Неповолно |
50х | Бонус | Неповолно |
100+ х | Бонус | Неповолно |
Регулативи и лимити поврзани со обртните барања
Кај онлајн казината што прифаќаат Македонци нема некои посебни регулативи што се однесуваат на обртните барања. Во некои држави постојат такви лимити, но не и кај нас. Па затоа е добро да се водите според табелата за споредба за да знаете дали некое обртно барање е фер или не.
Во однос на лимит што влијаат на вашите опции за игра, тоа се времетраењето што го имате да ги исполните обртните барања и максималниот влог. Најчесто, ќе имате 7-30 денови да ги исполните барањата и нема да може да вложите повеќе од 5 евра по рунда.
Забелешка – Нашето искуство покажа дека поволни бонуси во однос на обртни барања најчесто имаат мала вредност и низок максимален праг за кеширање. На пример, ако обртните барања ги нема или се до 15х, очекувајте да добиете 5-10 бесплатни спинови и да не може да искеширате повеќе од 50-100 евра.
Завршни зборови – што да имате во предвид
Клучот за лесно исполнување обртни барања е многу едноставен – барајте бонуси со ниски барања. Колку пониски барања, толку помала сума ќе треба да вложите за да ги исполните.
Добро е да зимате фер казино бонуси со подолго времетраење бидејки така ќе имате повеќе време да ги исполните обртните барања.
На крај, проверете дали вашите омилени игри имаат 100% придонес кон барањата. Нема смисла да играте непознати игри со помал придонес и залудно да си го торшите времето.
Поентата не секој бонус и да ви овозможи подолга акија на игри што ви се интересни. Доколку успеете да искеширате добра награда, тоа е само дополнителен плус од ситуацијата!
Често поставувани прашања
Што претставува обртот во онлајн казината?
Обртот во онлајн казината ја претставува сумата на вистински пари кои треба да ја изиграте за да може да ги искеширате бонусот и добивките од бонусот.
Како да ги исполните обртните барања?
Обртните барања се исполнуваат со тоа што ќе ги играте достапните и дозволените игри со вистински пари. Средствата од бонусите најчесто не придонесуваат кон барањата.
Дали можете да сте банирани заради обртите?
Доколку ги прекршите правилата на игра на казиното и/или бонусот, операторот може да ве суспендира или банира. Истото важи и доколку правите обид да исполните обртни барања со таканаречени влогови со нула ризик.
Што се правила на обртните барања?
Правилата на обртните барања кажуваат како да ги исполните вашите обврски за да може да кеширате. Обртните барања мора да ги користите на достапните игри и мора да ги исполните во предвидениот период.
Што се случува ако не ги исполнам обртните барања?
Ако не ги исполните обртните барања, казиното ќе го минусира/одземе бонусот и добивките што сте ги добиле преку играње со бонусот. Истото ќе се случи доколку се обидете да кеширате пред да ги исполните барањата.
Што е 10 пати обртни барања?
Самата бројка 10 ги покажува обрните барања на бонусот и вообичаено е проследена со знак „х“ што сугерира дека таа бројка се множи со бонусот или бонусот плус уплатата. Обртни барања од 10х се сметаат за поволни.
Што значи 35х обртни барања?
Бројката 35х е бројката која треба да ја множите со депозитот и/или бонусот за да ги исполните обртните барања на самата промоција. Обртни барања од 35х се сметаат за просечни.