Генератори на Случајни Исходи во Онлајн Казино Игри
Генераторите на случајни исходи (random number generators RNGs) се алгоритми што гарантираат дека резултатите на онлајн казино игрите се фер и непредвидливи.
Еден од најголемите предизвици на онлајн казино индустријата е фер плеј. Многу играчи се сомневаат во фактот дека ваквите сајтови можат да гарантираат безбедност и еднакви шанси за сите.
Вистината е дека ова е повеќе од возможно, а сето тоа е благодарение на генераторите на случајни исходи, познати како RNGs (Random Number Generators).
Во овој водич, ве учиме сѐ што треба да знаете за генератори на случајни исходи, вклучително како функционираат и зошто се важни.
Содржина
- Разбирање на генераторите – како тие функционираат?
- Типови на генератори – TRNG и PRNG
- Како генераторите гарантираат фер плеј во игрите?
- Сертифицирање и тестирање на генератори
- RNG и RTP – Разлика меѓу двата поима
- Зошто генераторите се важни за доверба од страна на играчите?
- Генератори на онлајн слотови и генератори на игри на маса?
- Митови за генераторите во онлајн казино индустријата
- Генератори и игри во живо
- Дали можете да ги победите генераторите на случајни исходи?
Разбирање на генераторите – како тие функционираат?
Генераторите на случајни исходи се вградени алгоритми во самите казино игри. Нивната цел е едноставна – да креираат случаен исход на секоја рунда. Овие алгоритми произведуваат секвенции од броеви без никакви шеми – секој број е случаен.
Броевите во овие алгоритми претставуваат исход од рундата.
На пример, доколку играте некој онлајн слот и кликнете на копчето за старт на играта, овие генератори инстантно го креираат исходот. Верувале или не, тоа што го гледате е само визуелна репрезентација на исходот генериран од овој алгоритам.
Типови на генератори – TRNG и PRNG
Постојат два типа на генератори на случајни исходи – TRNG и PRNG. TRNG е кратенка за True Random Number Generator, а PRNG е кратенка за Pseudorandom Number Generators.
Нивната крајна цел е иста – креирање случаен исход. Но, методологијата на постигнување оваа цел е различна.
TRNG е хардвер систем кој креира случајни исходи преку механички процеси. Системот зема различни мерки, ги конвертира и ги користи за да генерира случајни исходи.
PRNG, од друга страна, се чисти алгоритми кои креираан секвенци од бројки преку вредност позната како ,,seed“. Ова е клуч кој ги содржи сите можни исходи од една рунда, а самиот алгоритам избира еден од тие исходи.
Како што можете да претпоставите, онлајн казино индустријата го користи вториот тип на генератори.
Доколку ова звучи комплицирано, верувајте дека е. Искусни математичари и програмери ги создаваат оваа алгоритми и потоа истите се тестираат. Во многу случаи и независни агенции за тестирање ги анализираат алгоритмите за да се осигураат дека работат како што треба.
Како генераторите гарантираат фер плеј во игрите?
Самото име на алатката служи како одговор на ова прашање. Генераторите креираат случајни исходи кои не можат да бидат контролирани. Ова важи и за провајдерот на играта, а и за казиното каде играта е достапна.
Благодарение на овие алатки, ниту една стратегија на обложување нема да ви гарантира победа/награда.
Бидејќи алгоритмите се прецизно креирани, тие бескомпромисно создаваат резултати. Секој резултат е неочекуван и во склоп на играта и можностите на играта. Па така, генераторот ќе реши дали нема да добиете ништо, ќе добиете мала награда, или пак ќе активирате бесплатни спинови.
Сертифицирање и тестирање на генератори
Претходно кажавме дека генераторите на случајни исходи се вградуваат во самите игри од страна на провајдерите. Но тие не се алатка креирани од самите провајдери. Напротив, овие софтвери ги креираат независни агенции за тестирање.
Компаниите кои ги креираат игрите немаат никаква поврзаност со самите генератори, освен фактот што треба да ги имплементираат во нив. Најпознатите агенции за креирање вакви софтвери во онлајн казино индустријата се iTech Labs и eCogra.
Провајдерите потпишуваат партнерства со ваквите агенции и како резултат на тоа, ги дистрибуираат своите безбедни игри на различни казино страни. Пред да го предадат печатот за безбедност, агенциите како eCogra ги тестираат игрите за да се осигурат дека нивниот софтвер не е злоупотребен.
RNG и RTP – Разлика меѓу двата поима
Во казино индустријата, RNG методот често се меша со уште една карактеристика на игрите и чија кратенка е RTP. Овие два термини/функции немаат никаква поврзаност.
RTP e кратенка за Return to Player и покажува колку пари можете да очекувате како повраток од одредена игра на подолг период.
RNGs, од друга страна, се алатките кои гарантираат дека самата игра или казиното нема да ве измами додека се обложувате.
RTP се искажува во проценти. На пример, ако играте некој слот со повраток од 96%, тоа значи дека на секои 100 денари кои ги вложувате на играта на долг период, можете да очекувате 96 денари назад.
Секако, овие бројки не се фиксни. Тоа значи дека нема да добиете 96 денари повраток на секои 100 денари. Процентот е резултат од илјадници изиграни рунди и е просечна средина во зависност од исходот од тие рунди.
Генераторите на случајни исхори веќе ги објаснивме во овој водич.
Зошто генераторите се важни за доверба од страна на играчите?
Еден од најголемите проблеми не само во онлајн казината, туку општо во индустријата со коцкање, е сомнежот за местење игри. Одредени играчи ги фаќаат џекпотите, високите награди, најдобрите промоции, итн.
Генераторите на случајни исходи ги побиваат овие сомнежи. Тие се креирани од страна на независни агенции кои немаат никаква корист од тоа каков ќе биде исходот на одредена рунда. Не им е ни важно кој играч ќе добие џекпот или голема награда.
Со други зборови, нивната репутација се темели на креирање доверба од страна на играчите и токму тука лежи важноста на генераторите на случајни исходи.
Генератори на онлајн слотови и генератори на игри на маса?
Принципот на користење на генераторите во основните типови на онлајн казино игри како слотови и игри на маса е ист. Во слотовите, исходот е генериран веднаш штом притиснете на копчето за вртење на вертикалите. Вртењето е само визуелен ефект.
Истото важи и за игрите на маса како рулет. Топчето кое се врти во тркалото е визуелен ефект. Самиот генератор инстантно го генерира исходот и знае на која бројка ќе застане топчето.
Секоја онлајн казино игра којашто не се игра во живо и со вистински карти или вистинско рулет тркало користи генератор на исход којшто работи во позадината.
Митови за генераторите во онлајн казино индустријата
Како и многу други карактеристики поврзани со онлајн казината, генераторите на случајни исходи се соочуваат со неколку митови кои ќе ги образложиме.
- Генераторите не се вистински – најчест мит кој укажува дека генераторите се само лажна алатка на казината за да привлекуваат повеќе играчи. Казината не се страните кои ги имплементираат генераторите – тие пристигнуваат на нивната платформа како готови производи од страна на провајдерите.
- Исходите на генераторите можат да се манипулираат – пристапот до генераторите го имаат само агенциите за тестирање. Тие овој ,,клуч” го држат како тајна и не го дистрибуираат до никого.
- Исходите не се сосема случајни – чест мит бидејќи има случаи каде еден играч добил џекпот на повеќе наврати. Секоја рунда има милиони исходи и иако шансите се многу мали, сепак има можност одреден играч да добие голема награда повеќе од еднаш.
- Не секоја игра има генератор – сите лиценцирани провајдери имаат законска обврска да ги вклучуваат генераторите во нивните игри. Доколку тоа не го прават, ризикуваат да ја изгубат лиценцата, својата репутација, а и има голема шанса да платат милионски суми во казни.
- Генераторот може да го измамите – Во минатото имаше раскажување дека е можно да го манипулирате или измамите генераторот на исход така да ви дава добри исплати. Тоа не е точно, а и доколку успеете некако да го направите тоа онлајн казината имаат системи за препознавање такви ситуации. Добивки како резултат на техничка грешка никогаш не се исплаќаат!
Генератори и игри во живо
Кога станува збор за игрите во живо, генераторите немаат никаков удел, освен кај некои гејм шоуа.
Игрите во живо ги водат вистински луѓе. Затоа, тука е присутен човечкиот елемент. Дилерите во овие игри се обучени професионалци и немаат никаква намера да ги местат исходите, иако тоа е речиси невозможно.
Доколку играте рулет на пример, ќе го видите тркалото што се врти и топчето што го одредува добитниот број. Кога играте блекџек, може да видите како дилерот ги дели картите, слично како и кај бакара.
Најдобрите казина во живо имаат топ игри со висококвалитетна слика и можност да ја гледате акцијата од повеќе страни. Па така секогаш знаете дека случувањата се фер.
Забелешка – Само некои игри како гејм шоуа користат генератори, но не сите. Како што кажавме, ако има тркало на среќа или фрлање коцки, тоа е вистинско. Ако има визуелизација, тогаш резултатот е од генератор на исход.
Дали можете да ги победите генераторите на случајни исходи?
Генераторите на случајни исходи се непобедливи. Токму заради тоа тие станаа една од најчестите и најважните алатки во светот на онлајн казината. Точно е дека можете да користете стратегии во одредени игри, но тие не ви гарантираат победа. Единствено ја зголемуваат шансата за добра награда.
Често поставувани прашања
Што е генератор на случајни исходи (RNG) во онлајн казината?
Генератор на случаен исход е алгоритам кој има задача да креира различни и случајни исходи на секоја игра, со секоја рунда. На тој начин, оваа алатка овозможува фер плеј.
Што овозможува генераторот во слот игрите?
Како и во секој казино игра, генераторот во слот игрите овозможува случајност. Сите играчи на таа игра имаат еднакви шанси да освојат одредена награда.
Како се користат генераторите на случајни исходи во коцкање?
Генераторите се развиваат од страна на независни агенции. Овие агенции ги дистрибуриаат до провајдерите, а тие ги интегрираат во своите игри. Играта, која во себе го вклучува генераторот, е потоа пратена до одреден казино сајт.
Дали можете да ги манипулирате генераторите на случајни исходи?
Не, генераторите на случајни исходи користат безбедносни алатки и нема никаква шанса да ги манипулирате.
Дали генераторите имаат некоја шема според која функционираат?
Не, генераторите на случајни исходи немаат никаква шема. Сè тука функционира по принцип на случајност.