Оваа Политика За Приватност објаснува како и зошто ние користиме колачиња и како вие управувате со нив. Исто така има за цел да покаже како ние ги обработуваме вашите лични податоци и кои мерки ги преземаме за да ги чуваме безбедни и сигурни.
Колачиња или cookies се текстуални датотеки кои се префрлуваат од веб страницата на компјутерот на посетителот. Ова се мали датотеки со информации кои ја следат употребата на одредени веб страници. Исто така, им дозволуваат на веб страниците да ги зачуваат и повторно пристапуваат до вашите податоци за анализирање на вашите навики на прелистување.
Повеќето веб страници користат колачиња затоа што тие се корисна алатка која им помага да ја прилагодат веб содржината според потребите на посетителите.
Видови колачиња
Има различни видови на колачиња, и тие се поделени според нивното времетрање и функција.
- Привремени колачиња – овие колачиња се користат само за време на прелистувањето и се бришат кога ќе го затворите прелистувачот. Тие и овозможуваат на веб-страницата да ги поврзува вашите активности за време на една сесија.
- Постојани колачиња – постојаните колачиња овозможуваат побрз пристап до веб-страницата преку зачувување на вашите информации и подесувања. Тие ќе останат на вашиот компјутер и по затворањето на прелистувачот, но имаат свој датум на истекување. Постојаните колачиња ќе бидат активни се додека не истечат или вие не ги избришете.
- Колачиња од прва страна – овие колачиња ги поставува веб-страницата која ја посетувата. Тие може да бидат постојани или привремени и ги зачувуваат вашите информации за најавување и подесувања. Нивната цел е да го анализираат вашето однесување на веб-страницата.
- Колачиња од трета страна – овие колачиња ги поставува трето лице на веб-страницата која ја посетувате. Тие ги следат вашите интернет активности за анализа на пазарот и рекламорање.
- Колачиња за перформанси – овие колачиња собираат информации за начинот на кој ја користите веб-страницата. Тие анализираат кои страници најчесто се посетувани и дали корисникот добива пораки за грешки од нив, со цел подобрување на веб-страницата.
- Колачиња за функционалност – со овие колачиња веб-страницата ги запомнува вашите избори како јазик, корисничко име, регион, итн. За персонализирано искуство и подобрена функционалност.
- Колачиња за рекламирање – веб-страниците ги користат овие колачиња за да прикажат релевантни реклами кои одговараат на вашите интереси. Исто така го ограничуваат бројот на прикажувања на секоја реклама и ја анализираат ефективноста на рекламните кампањи.
Управување со колачиња
Поголемиот дел од интернет пребарувачите автоматски ги прифаќаат колачињата.
Многу прелистувачи ви дозволуваат да блокирате колачиња од трети страни за да спречите следење на вашите интернет активности.
Има веб-страници кои им дозволуваат на корисниците да изберат кои видови на колачиња сакаат да ги прифатат. Исто така, постојат и разни додатоци и екстензии за интернет пребарувачи кои овозможуваат поголема контрола врз колачињата.
Колачињата кои се веќе зачувани на вашиот компјутер моше да се избришат преку подесувањата на прелистувачот. Но сепак, треба да знаете дека со бришење на колачињата може да бидат избришани и вашите податоци за најава и зачувани подесувања.
Промени во Политиката На Приватност
Оваа Политика на Приватност периодично се ажурира за да ги опфати сите промени во нашиот начин на функционирање или законските барања. За секоја промена ќе бидете адекватно известени, преку е-маил или со објава на нашата веб-страница.
За да бидете постојано информаирани за тоа како ги користиме вашите лични информации, редовно прегледувајте ја нашата Политика за Приватност.
Комуникација со клиенти
Комуникацијата со нашите клиенти се врши преку електронска пошта и тоа е важен дел од нашите услуги. Комуникацијата опфаќа различни видови на информации и известувања и вклучува:
- Промоции
- Ажурирања на производи
- Поддршка на корисници
- Оперативни и информативни пораки
Рекламирање од страна на трети лица
Рекламирањето од страна на трети лица е кога други компании прикажуваат реклами на нашата веб-страница користејќи различни технологии. Тие користат пиксели и колачиња за да добијат информации за вашите активности на нашата веб-страница за прикажување на персонализирани реклами.
Ако сакате да блокирате колаќиња од трети лица и собирање на вашите податоци за рекламирање, прилагодете ги подесувањата на вашиот прелистувач.
Пренос на лични податоци
Приватноста на нашите корисници е исклучително важна за нас. Затоа, заштитата на вашите лични податоци е приоритет. Пренос на лични податоци се врши согласно законите и прописите за заштита на податоци.
Споделување информации со трети страни
Вашите лични податоци може да се споделат со трети страни кои ни помагаат да ги обезбедиме услугите кои ги користите. Трети страни се нашите партнери кои и овозможуваат правилно и непречено функционирање на нашата платформа.
Исто така, ние можеме да пренесуваме лични податоци коге е неопходно за испонување на законски обврски. Тоа вклучува легални процеси, судски наредби, или за заштита на нашите права и безбедност на корисниците.
Вашите лични податоци се споделуваат со трети страни само со ваша согласност.
Чување на лични податоци
Приватноста и безбедноста на вашите лични информации ја третираме со најголема сериозност. Вашите податоци се складираат на безбедни сервери и се чуваат само онолку колку што е потребно согласно законсите прописи. За да овозможиме целосна безбедност на вашите податоци, ние користиме:
- Безбедни сервери заштитени со технички и физички мерки за безбедност.
- Шифрирање на личните податоци при складирање и пренос.
- Безбедносни проверки и редовни ажурирања за спречување на безбедносни закани.
Вие како корисник може во секое време да побарате копија или пристап до вашите лични податоци кои ги чуваме. Исто така може да побарате и корекција на зачуваните податоци или нивно бришење ако повеќе не се потребни а нема законска пречка за тоа.
Ако имате прашања околу чувањето на вашите лиќни информации, ве молиме контактирајте не преку нашата електронска пошта.
Безбедност на податоците
Ние ги чуваме вашите лични податоци во согласност со сите законски прописи и регулативи. Вашите информации се чуваат само колку што е потребно за да се обезбедат потребните услуги и да се исполнат законските обврски.
Нашата политика за задржување на вашите лични податоци е јасно дефинирана и точно утврдува колку долго чуваме различни типови на информации. По истекот на тој временски период, безбедно ги бришеме или анонимизираме вашите приватни информации.
Безбедноста на податоците ја гарантираме преку:
- Енкрипција
Со напредни техники за енкрипција (шифрирање) ги заштитуваме вашите лични податоци при пренос и складирање.
- Физичка Безбедност
Нашите бази на податоци и сервери се сместени во безбедни центри кои користат врвни мерки за заштита како видео надзор и системи за контрола.
- Контрола на Пристап
Само овластени партнери и вработени имаат пристап до вашите лични податоци. Тие користат различни методи за верификација, вклучувајќи кориснички имиња и лозинки.
- Редовни Проверки
Ние спроведуваме редовни тестови и проверки за идентификација на потенцијалните слабости во нашите системи и навремена поправка на истите.
- Антивирусни Програми
Покрај останатите мерки за заштита, ние имплементираме антивирусни програми за заштита од вируси кои би можеле да ја загрозат безбедноста на вашите податоци.