Одговорно Играње

Одговорното играње треба да биде приоритет на секој играч кој се коцка во онлајн казина (и надвор од нив). Целта на овие игри е забава и не треба да преземате никаков ризик. Ризиците често водат до проблематично коцкање. Во оваа категорија спаѓа коцкање со кое си наштетувате самите себе и/или на своите блиски. Исто така, самата активност ви го нарушува навиките и секојдневието.

Зависност од коцкање – знаци и рана превенција

Некои луѓе имаат поголеми шанси да развијат зависност од коцка. Тоа не значи дека на одредени групи играчи шансите им се минимални. Зависноста најчесто се идентификува во моменти кога играчите не можат да издржат а да не стават облог на некоја слот игра, фудбалски натпревар, рунда на рулет итн.

Во ваквите моменти се јавува еден проблем – нерационално трошење пари. Прекунамерно трошење обично води до долгови кон пријатели и фамилија, заложни куќи, банки итн. Позајмниците со камата се честа појава и, заради нив, долгот често станува поголем наместо да се намалува.

Некои од симптомите преку кои можете да препознатете дека вие или некој ваш близок страда од зависност од коцкање се:

  • Преокупирани мисли околу самиот процес на коцкање
  • Играње со високи влогови
  • Промени во расположението, особено после изгубени рунди во коцкање
  • Задолжување со пари во банки и заложнички куќи
  • Губење интерес на секојдневни активности и хобија
  • Барање финансиска помош од пријатели и фамилија
  • Проблеми со семејството
  • Губење важни контакти

Одвикнувањето од зависноста во оваа фаза треба да биде најголем приоритет. Онлајн казината имаат неколку алатки со кои можат да ви помогнат во оваа фаза.

Онлајн прашалници

Онлјан прашалниците се честа алатка која е достапна кај онлајн казината. Како што самиот термин налага, казиното поставува неколку прашања кои вие треба искрено да ги одговорите. Дел од тие прашања се:

  1. Дали често мислите на коцкање?
  2. Дали продолжувате да играте откако ќе изгубите одредена сума пари, со цел истите да ги вратите?
  3. Дали сте пробале да прекините со коцкање, но не сте успеале?
  4. Дали коцкањето имало некое влијание врз вашата фамилија, врска или пријатели?
  5. Дали се коцкате за забава или ги користите казино игрите како бегство од некои проблеми во вашиот живот?
  6. Дали некогаш сте украдиле пари за да се коцкате?
  7. Дали некогаш сте побарале заем за да можете да се коцкате?
  8. Дали се чувствувате нервозен/на или анскиозен/на кога ќе пробате да намилите со коцкање?
  9. Дали некогаш сте ги лажеле луѓето околу вас за тоа колку време поминувате во коцкање?
  10. Дали коцкањето имало некакво влијание врз вашата работа?

Идејата на овие прашалници е многу едноставна – одговорете со ,,да’’ или ,,не’’. Доколку сте одговориле со ,,да’’ на повеќе од 5 прашања, тогаш шансата е голема дека коцкањето негативно влијае на секој аспект од вашиот живот. Во тој случај, дефинитвно треба да побарате помош.

Доколку одговоривте ,,да’’ на едно или две прашања, тогаш голема е веројатноста дека сте во процес на развивање завист од коцкање. Заради тоа, треба да побарате помош.

Местење ограничувања за онлајн коцкање

Сите лиценцирани казино сајтови имаат обврска да им овозможат на играчите безбедна средина за играње казино игри. Со цел да го намалат ризикот за развивање завист од коцкање, тие имплементираат неколку алатки за ограничување на коцкање:

  • Лимити за депозити во еден ден, недела или месец
  • Лимит за времетраење на една сесија или дневна сесија
  • Лимит за изгубени пари
  • Лимит на добивки
  • Лимит на обложени суми

Кога било кој од овие ограничувања е достигнат, казиното ќе ви испрати нотификација и ќе ви даде до знаење дека вашата сесија е готова.

Самоисклучување од коцкање (Self-restriction)

Програмите за самоисклучување ви овозможуваат да ги стопирате сите ваши активности поврзани зо онлајн коцкање. Откако ќе се пријавите, влегувате во регистарот и сами избирате период во кој не ќе сте во можност да играте. Овој период може да трае 24 часа, една недела, еден месец, една година, неколку години, или пак доживотно.

Контактирање агенции за одговорно коцкање

На територијата на Македонија има доста агенции кои се справуваат со зависни играчи. Доколку забележите дека развивате завист од коцкање, можете слободно да ги контактирате. Нивните услуги се бесплатни.

Една опција е понудената услуга преку официјалниот приредувач на игри на среќа во нашата земја, а информациите за контакт се следните (преземени од Видеолотарија на Македонија):

Работно советувалиште Дом на хуманитарни организации Даре Џамбаз, ул. 11 Октомври бр.42, Скопје

  • Д-р. Павлина Васкова – Невропсихијатар
  • Д-р. Оливера Суботин Поповска – Психијатар
  • Илинка Васкова – Психолог
  • Јованчо Велески – Психолог
  • Билјана Симеонова – Социјален работник

Дежурен тел. 072/809-809 секој работен ден од 8:00 до 20:00 часот

Телефон: 02/3 165 542 од понеделник до четврток од 15:00 до 18:00 часот

Вторник, среда и четврток од 14:30 до 16:30 часот во Даре Џамбаз, соба бр.14

Инфо е-меил: [email protected]

Останати онлајн сервиси кои можете да ги контактирате на англиски јазик се:

Како зависното коцкање влијае на вас и луѓето околу вас?

Зависта од коцкање има негативно влијание и на вас и на луѓето околу вас. Доколку не реагирате на време, последиците можат да се огромни. Првиот и најголем проблем кој се јавува е задолжувањето.

Голем број коцкари се задолжуваат бидејки немаат доволно сопствени пари да ја хранат зависноста. Тоа повлекува доста други проблеми како нездрав начин на живот, откажување од дневните хобија и секојдневни активности, како и проблеми со вашата работа и фамилија.

Луѓето околу вас се исто погодени бидејки вашите долгови можат да станат и нивни долгови. Најблиските секогаш ќе се спремни да ви помогнат, но вашата тага и завист е на некој начин и нивна тага и завист. Ултимативно, ваквите луѓе можете да ги избркате од вашиот круг и на крај да немате поддршка од никого во вашата борба со завист.

Совети за одговорното играње

Ако сакате да се регистрирате на некое онлајн казино и да играте, морате да запомните дека целта на играње казино игри е забава. Вашиот фокус треба да биде кон одговорно играње. Некои совети кои ние би можеле да ви ги споделиме се следните:

Играј за забава, не за брза заработка!

Најважно е да го гледате коцкањето како хоби, како забава! Со коцкањето не можете да направите брзи пари, системот не функционира така. Коцкајте се само доколку имате средства за тоа и само доколку уживате во активноста како нешто забавно. Во моментот кога ќе почнете да се чувствувате нервозно, разочарано, или негативно треба да престанете со играњето.

Не пиј додека се коцкаш

Традиционалната гејминг средина понекогаш несвесно им налага на играчите да играат слотови или други игри во придружба на алкохол. Алкохолот е еден од најголемите непријатели за време на коцкање. Неговото дејство ќе ви оневозможи да размислувате бистро и да носите рационални одлуки.

Користи ги зададените лимити за коцкање

Лимите за коцкање од страна на казиното се фантастични алатки кои ќе ви овозможат да играте одговорно. Наш предлог е да наместите ограничувања на времетраење на една сесија и лимит за депозиот.

Не се плаши да се пријавиш во програмите за самоисклучување

Програмите за самоисклучување се најефективни алатки за одговорно играње. Доколку се пријавите во нив, не ќе имате пристап до никое онлајн казино во времетраење на периодот кој сте го наместиле. Нема потреба да се плашите од ваквите програми. Пријавувањето трае само една минуте.

Не играјте игри со кои не сте добро запознаени

Онлајн казината нудат стотици игри од различни провајдери. Често, играчите сакаат да испробаат нови игри во потрага по авантура и нов тип на забава. Тука нема ништо грешно, но ако тоа е вашата цел, најпрвин запознаете се со правилата на игра.

Не играјте игри ако не сте добро запознаени со нив. Таквиот пристап води кон поголеми загуби и можна завист од коцкање. Затоа, ако сакате да испробате нешто ново, наш совет е да ги играте демо верзиите. Тие ќе ви овозможат да се коцкате бесплатно. На тој начин, ќе ги запознаете правилата на игра без да трошите пари.

Не бркајте изгубени пари или замислени добитки

Некои играчи често знаат да влезат во бескрајна трка каде што целта им е да ги покријат изгубените пари или пак на ги зголемат добивките. Ваквите стратегии се само брз пат до развивање завист.

Онлајн казино игрите се игри на среќа. Секој исход е случаен и никој не ви гарантира дека ако во една сесија изгубите одредена сума пари, истата ќе ја вратите. Затоа, доколку изгубите или добиете одрена сума, исклучете се и продолжите со играње некој нареден пат.