Што е RTP или Процент на Поврат на Играчи во Онлајн Казина?

Процент на поврат на играчи или процент на исплата (Return to Play RTP Percentage) е процентот којшто прикажува колку од влоговите се враќаат на играчите, а колку казиното задржува како профит.

Пресметките се прават врз основа на милиони игри и ретко влијаат на индивидуални сесии, но сепак се важен сигнал за дарежливоста на една игра. Златно правило е да се играат со висок процент на исплата, но има далеку повеќе работи што треба да се знаат.

Во овој водич за процент на поврат на играчи ги покриваме сите факти што треба да ги знаете.

Содржина

Што значи процент на поврат на играчи / процент на исплата?

Процент на поврат на играчи или процент на исплата е статистичка мерка што го покажува делот од вкупните облози што казино игра, на долг рок, ќе го врати на играчите. Бројката е секогаш прикажана во процент којшто може да биде од нула до 100%, но најчесто е помеѓу 90% и 99%.

На пример, процент на исплата од 95% значи дека од секои 100 обложени единици, играта ќе врати 95 единици на играчите, додека останатите 5 единици се задржуваат како профит на казиното. Оваа бројка е важен индикатор за шансите на играчите да освојат добивки на долг рок.

Како се пресметува процент на поврат на играчи?

Процентот на поврат на играчи се пресметува со анализирање на вкупната сума на обложени пари на долг рок и делот од тие пари што играта ги враќа на играчите како добивки.

Еве како се пресметува.

Исплатената сума се дели со вложената сума од влогови и потоа се множи со 100 за да се добие процент.

На пример, ако вкупните облози на играчите се 1.000.000 единици, а играта врати 950.000 единици како добивки, тогаш:

Процент на поврат = (950,000 делено со 1,000,000) помножено со 100 = 95%

Оваа пресметка покажува дека играта враќа 95% од влоговите на играчите на долг рок. Остатокот, 5%, е предноста на казиното или “house edge”.

пресметување процент на исплата на казино игри

Важно е да се напомене дека процентот на поврат се пресметува на многу голем број игри и не гарантира поврат за секој индивидуален играч на краток рок.

Разлика помеѓу процент на исплата и предност на куќата (house edge)

Процентот на исплата (RTP – Return to Player) и предноста на куќата (house edge) се два различни концепти кои се користат за да се опише како функционираат казино игрите во однос на враќањето на средствата на играчите и профитот на казиното.

Ги анализираме клучните разлики во табелата подолу.

ФакторПроцент на исплатаПредност на куќата
Што еПроцентот од сите облози што се исплаќа на играчите како добивка.Процентот од сите облози што се задржива од казиното како профит.
Како се пресметуваВкупните добивки на играчите се делат со вкупните влогови и се множат со 100 за да се добие процент.Процентот на исплата се одзема од 100% за да се добие предноста на куќата.
Како влијае на играчитеПокажува колку пари може да се очекува дека ќе бидат вратени на играчите на долг рок.Покажува колку пари казиното ќе задржи на долг рок од сите облози.
ПримерАко процентот на исплата е 95%, тоа значи дека играта враќа 95% од обложените средства на играчите на долг рок.Ако предноста на куќата е 8%, тоа значи дека на долг рок куќата задржува профит од 8% од сите влогови.
Просечен процентОколу 95% за слотови и 98% за подарежливи игри како блекџек.Околу 5% за слотови и 2% за подарежливи игри како блекџек.

Ако играта има процент на исплата од 96%, тогаш предноста на куќата е 4%. Ова значи дека на долг рок играчите ќе добијат назад 96% од своите облози, додека казиното ќе задржи 4% како профит. Во суштина, и процентот на поврат и предноста на куќата се две страни на иста монета, но со различен.

Разлика меѓу променливост и процент на исплата

Новите играчи, па и искусните, често не ја разбираат разликата помеѓу променливост на играта (volatility) и процентот на исплата иако двете се потполно различни.

Променливоста покажува како играта реагира во однос на големината и темпото на исплатите што ги дава. Висока променливост значи дека ретко ќе добивате победнички комбинации, но добивките треба да се големи. Ниска променливост сугерира дека често ќе добивате исплати, но истите ќе бидат скромни, најчесто еднакви или помали од влогот.

Процентот на исплата веќе го објаснивме и се однесува на самата дарежливост на играта на долг рок.

Споредба на игри со висок процент на исплата и игри со низок процент на исплата

Игри со висок процент на исплата и игри со низок процент на исплата имаат различни карактеристики што влијаат на шансите за добивки и на играчкото искуство.

Во нашата табела ќе направиме една споредба помеѓу двете.

СегментВисок процент на исплатаНизок процент на исплата
Шанси за добивкаПоголеми шанси за враќање на средствата, што значи помали загуби на долг рок.Помали шанси за враќање на средствата, што значи поголем ризик за играчите.
Тип на играРелаксирана бидејќи овие игри обично имаат помала променливост, што значи почести, но помали добивки.Жестока бидејќи овие игри вообичаено имаат поголема променливост, што значи поретки, но поголеми добивки кога се случуваат.
Погодни за играчиИгри како блек џек или одредени слот игри со RTP од 95% до 98%.Играчите кои бараат високи ризици и потенцијално големи добивки за кратко време.
ПримериИграчите кои сакаат долгорочно да останат во игра со почести добивки и помал ризик.Прогресивни џекпот слот игри, а понекогаш грепки или пак гејм шоуа.

Како онлајн казината го одредуваат и користат процентот на исплата?

Онлајн казината го одредуваат и користат процентот на исплата преку соработка со провајдерите на игрите. Секако, во некои ситуации и тие самите имаат слобода да одредат кој процент ќе го понудат на своите играчи.

Еве неколку фактори што влијаат на тоа колку едно онлајн казино ќе врати назад на играчите.

Провајдери на игри. Провајдерите на игри ги дизајнираат игрите со одреден процент на исплата, кој е вграден во алгоритмите на играта. Овој процент ја одредува статистичката веројатност за поврат на обложените средства на долг рок. На провајдерите им одговара да имаат дарежливи и популарни игри, па затоа и ги прават со високи проценти на исплата. Сепак, тие нудат и опции за и казината да имаат слобода.
Регулативи. Во некои јурисдикции, регулаторните тела поставуваат минимални или препорачани вредности кои казината мора да ги следат. Ова осигурува фер игра за играчите.
Опции за избор. Некои игри имаат различни верзии со различни проценти на исплата. Казиното може да избере која верзија ќе ја понуди, базирано на бизнис моделот и конкуренцијата.
Маркетинг. Онлајн казината користат високи проценти како маркетиншки алат, промовирајќи игри со подобри шанси за играчите за да привлечат повеќе корисници. Сите се заинтересирани за игрите со највисоките проценти на исплата, па имањето таква опција е одлично за маркетингот. На пример, најдобрите крипто казина често имаат високи проценти на исплата за да привлечат повеќе играчи.
Приход. Иако процент на исплата значи дека дел од влоговите се враќаат на играчите, процентот што останува на казиното (некогаш наречен “house edge”) е доволен за да генерира профит, особено со голем обем на играчи. Сепак некои онлајн казина сакаат поголем приход и тоа е нивна одлука и право.

Секако, понекогаш има и други фактори во игра коишто се одвиваат зад завесите. Сепак, факторите што ги набројавме погоре се главните.

Процент на исплата кај онлајн казина и физички казина

Процентот на исплата кај онлајн казината и физичките казина може да се разликува значително поради различните оперативни трошоци и поставки на игрите.

Онлајн казина. Онлајн игрите, особено слотовите, обично имаат повисок процент на поврат (околу 95-98%) бидејќи оперативните трошоци се пониски. Ова им овозможува на провајдерите да понудат повисоки шанси за играчите.

Физички казина. Игри во физички казина често имаат понизок процент на поврат (85-90%) поради повисоките трошоци за одржување на локацијата, вработени, опрема и други логистички фактори.

Ова значи дека онлајн казината генерално нудат подобри шанси за поврат на играчите на долг рок, но факторите како променливост и вид на играта можат да варираат во двете средини.

Забелешка – Онлајн казината вообичаено се потранспарентни во однос на процентот на исплата и ги нудат овие важни информации. Истото не може да се каже за физичките казина, особено кај нас. Ќе видите дека не секоја игра кажува кој процент на исплата го нуди, па затоа играчите често се фокусираат на играње онлајн.

Како да го откриете процентот на поврат на играчи кај онлајн слотовите?

За да го откриете процентот на поврат кај онлајн слотовите, можете да проверите неколку опции како опис на играта, сајтот на провајдерот, сајтот на казиното, или нашите текстови.

  • Опис на играта – Погледнете ја инфо табелата на играта и најверојатно ќе ја најдете информацијата таму. Доколку не е во инфо табелата, тогаш е кај табелата за исплати. Добра финта е да направите пребарување за знакот на процент (%) и веднаш да дознаете дали на табелата ја има таа информација.
  • Сајтот на казиното – Многу казина објавуваат процент на поврат на играчи за секоја игра директно на својата страница. Тоа се најчесто казина кои имаат сертификати од агенции за тестирање како eCOGRA. Кога агенциите ги тестираат игрите, тие издаваат извештај што потоа казиното го објавува.
  • Софтвер провајдери – Посетете ја веб-страницата на провајдерот играта, каде што често се наведуваат техничките податоци. Не само што ќе најдете информации за процентот на исплата туку и за променливоста, максималната добивка и слично.
  • KazinoPro – Нашиот сајт нуди корисни информации од секаков вид, па и процент на исплата на игрите. На пример, на страницата посветена на најдобрите онлајн слотови ќе ги најдете процентите на исплата за сите споменати игри.
Пример за процент на исплата на страна на провајдер

Дали една иста игра може да има различен процент на исплата?

Да, една иста игра (на пример, слот игра) може да има различен процент на исплата во зависност од неколку фактори:

  • Казиното – Различни онлајн казина може да нудат иста игра со различни поставки на RTP, бидејќи некои провајдери на игри овозможуваат на казината да изберат помеѓу неколку верзии со различни RTP проценти.
  • Регионални регулативи – Некои региони имаат закони или регулативи кои бараат од казината да нудат одреден минимален RTP, што може да влијае на поставките на играта. Вообичаено, онлајн казината во Обединетото Кралство имаат построги правила за следење и таму не може да бидат многу ниски, а кај казината лиценцирани во Малта на пример минимумот беше 92%, а сега е 85%.
  • Вид на игра – Игрите понекогаш може да имаат различни верзии, како што се “класични” или “џекпот” верзии, кои може да имаат различни RTP проценти. Доколку играта има прогресивен џекпот, се очекува да има понизок процент на исплата и тоа не е лош знак во овој случај.

Ова значи дека е важно да проверите RTP процентот на конкретната игра во казиното каде што играте, бидејќи може да варира. Секогаш отворете ја инфо табелата на самата игра и проверете што пишува.

Често поставувани прашања

Што претставува процент на исплата кај казино игрите?

Процентот на исплата (RTP – Return to Player) кај казино игрите претставува дел од вкупните облози што играта статистички ги враќа на играчите на долг рок. На пример, RTP од 95% значи дека од 100 обложени единици, играта враќа 95, а 5 остануваат на казиното.

Како процентот на исплата влијае на потенцијалот за добивки?

Процентот на исплата директно влијае на потенцијалот за добивки. Па та,а колку е повисок процентот на поврат, толку поголеми се шансите играчот да добие дел од обложените средства назад на долг рок. Нискиот процент на исплата значи помали шанси за добивки, зголемувајќи ја предноста на казиното. Сепак, овие пресметки се прават на милиони рунди и не секогаш влијаат на индивидуалните партии.

Дали е игра со висок процент на поврат секогаш подобар избор?

Игра со висок процент на поврат обично нуди поголеми шанси за добивки на долг рок, но тоа не значи секогаш подобар избор. Волатилноста на играта, личните преференции и краткорочните исходи исто така влијаат врз искуството и потенцијалните добивки. Затоа добро е да ги имате во предвид сите овие фактори кога избирате што да играте.

Како можат играчите да пристапат кон информации за процент на поврат кај казино игрите?

Играчите можат да пристапат до информации за процент на поврат преку инфо табелите на игрите, во правилата на играта, или на страниците на провајдерите на самата игра. Некои казина или платформи јавно го објавуваат процентот на исплата за секоја игра на посебна страна.

Дали различни игри имаат различни проценти на поврат?

Да, различни казино игри имаат различни проценти на поврат. Слот игрите, рулетот, блек џекот и покерот сите имаат уникатни вредности, зависно од правилата и стратегијата на игра. На пример, блек џекот често има повисок процент на исплата од слотовите.

Александар е голем онлајн казино ентузијаст и играч со искуство од повеќе од 10 години. Главна цел му е да споделува корисни и проверени информации за играчите да носат паметни одлуки.