Предност на Куќата Кај Онлајн Казино Игри – 10+ Факти и Табели за House Edge
Предност на куќата (house edge) е бројка која кажува колкав профит задржува онлајн казино операторот на долг рок и од сите влогови ставени на игрите.
Да погодиме, сигурно сте се запрашале како казината остваруваат профит? Веројатно мислите дека тоа е само поради лошата среќа на играчите, нели? Всушност, не е баш така.
Секоја казино игра има вградена предност која работи во корист на казиното. Оваа предност се нарекува „Предност на Куќата,“ и во овој водич ќе ви објасниме сè за неа, вклучително и дали и како можете да ја надминете.
Содржина
- Што претставува предноста на куќата?
- Како функционира предност на куќата?
- Зошто казината имаат предност на куќата?
- Процент на исплата и предност на куќата
- Предноста на куќата кај популарните казино игри
- Совети и трикови за менаџирање на предност на куќата
- Митови за предноста на куќата
- Завршни зборови за предноста на куќата
Што претставува предноста на куќата?
Предноста на куќата е дефинирана како однос на просечниот загубен износ во споредба со првичниот влог. Пресметката зема во предвид илјадници, па и милиони, изиграни рунди и нема големо влијание на индивидуалната игра. Сепак, секогаш е подобро да играте игри со помала предност на куќата.
Добро е да се напомене дека во некои игри, почетниот влог не е секогаш и крајниот.
На пример, кај рулет и бакара, играчот може да ја зголеми својата опклада доколку шансите одат во негова корист. Во овие случаи, дополнителните вложени средства не се земаат предвид во калкулацијата за одредување на предноста на куќата, што ја зголемува мерката на ризик.
Кај онлајн казино игрите како слотови или рулет, пресметката е чиста бидејќи се става еден влог пред да почне играта и тоа е тоа.
Како функционира предност на куќата?
Предноста на куќата е математичка предност која казиното ја има во секоја игра, што му овозможува на долг рок да оствари профит. Оваа предност се изразува во проценти и покажува колкав дел од секој влог казиното очекува да го задржи.
На пример, ако предноста на куќата е 5%, тоа значи дека казиното ќе задржи просечно 5 денари од секои 100 денари кои се вложуваат на таа игра.
Секогаш кога играчите играат подолг период, математичката предност на куќата се покажува, и на крајот казиното речиси секогаш остварува профит. И покрај тоа што играчите можат да победат на краток рок, куќата е секогаш во предност на долг рок благодарение на овој процент.
Зошто казината имаат предност на куќата?
Во светот на игрите на среќа постои една сигурност: ништо не е оставено на случајот. На крајот, казиното секогаш излегува како победник.
Казиното е бизнис, а не добротворна организација која дава бесплатни пари. Како и секој бизнис, казиното има бизнис модел кој е осмислен за да обезбеди профитабилност.
Казиното има неколку вградени предности што осигуруваат дека, на долг рок, ќе биде во предност во однос на играчите. Овие предности, познати како „предност на куќата,“ претставуваат просечен бруто профит кој казиното очекува да го оствари од секоја игра.
Забелешка – Токму заради постоењето на предност на куќата ние секогаш ги потсетуваме нашите KazinoPro.mk читатели да го прифатат коцкањето како хоби, а не како начин за заработка. Онлајн коцкањето е нешто во што треба да се ужива одговорно и со одреден буџет.
Процент на исплата и предност на куќата
Кога играте во онлајн казина, често ќе наидете на два термина: процент на исплата и предност на куќата. Овие концепти се клучни за секој играч кој сака да прави паметни облози и да разбере што прави.
Што се проценти на исплата?
Процентите на исплата, познати и како RTP (Return to Player) проценти, го претставуваат износот што една казино игра им го враќа на играчите на долг рок. Тие се изразени како процентуална вредност, на пример, 96% или 97%.
Ако една игра има процент на исплата од 85%, тоа значи дека, во просек, играта ќе врати 85 евра од секои 100 евра што играчите ги вложуваат на долг рок. Важно е да се напомене дека ова е теоретска бројка базирана на милиони облози и не гарантира поединечни резултати.
Процентот на исплата е спротивен од предноста на куќата.
Како се пресметува предноста на куќата?
Предноста на куќата е процентот од секој облог што казиното очекува да го задржи на долг рок. Кај слот игрите, предноста на куќата обично се пресметува како 100% минус процентот на исплата.
На пример, ако играта има процент на исплата од 92%, предноста на куќата би била 8%. Тоа значи дека, во просек, казиното очекува да задржи 8 евра од секои 100 евра што се вложуваат на таа игра.
Забелешка – Висок процент на исплата не гарантира дека ќе победите; тој само покажува колкав е просечниот поврат на долг рок. Резултатите на краток рок остануваат непредвидливи, и среќата игра важна улога во секоја поединечна игра.
Предноста на куќата кај популарните казино игри
Секоја казино игра има своја уникатна математичка предност која му гарантира на казиното долгорочен профит. Оваа предност варира значително помеѓу различните игри – од помалку од 1% кај некои варијанти на блекџек, до повеќе од 25% кај одредени игри како кено.
Во продолжение, ќе ги разгледаме најпопуларните казино игри и нивните соодветни предности за казиното, што ќе ви помогне да направите подобар избор при следната посета на казино.
Забелешка – Доколку се надевате да исполните обртни барања на казино бонус играјќи ги најдобрите игри со најмала предност, имајте во предвид дека тие најчесто не можат да ви помогнат. Операторите или не дозволуваат бонус игра со овие игри или пак нивниот процент на допринос е многу мал, околу 2-5%.
Предност на куќата во блекџек
Предноста на куќата во блекџек варира во зависност од правилата на играта и стратегијата што ја користат играчите. Кога се применува оптимална стратегија, предноста на куќата може да биде толку ниска како 0,5%. Оваа ниска предност ја прави блекџек една од најпрофитабилните игри за играчите во казиното.
Правила на Блекџек | Опис | Предност на Куќата |
Стандардни правила | Основни правила, играчот може да земе карта, дуплира или раздели | 0,5% |
Три или повеќе шпилови | Игра со три или повеќе шпилови | 0,5% – 1% |
Исплата на Блекџек 6:5 | Исплата на блекџек е 6:5 наместо 3:2 | 1,39% |
Исплата на Блекџек 3:2 | Исплата на блекџек е 3:2 | 0,5% |
Правило на банкарот | Банкарот стои на 17 | 0,5% |
Задолжителна поделба (забрана на повторна поделба) | Не дозволува повторна поделба на асови | 0,5% – 1% |
Управување со ризик (играјте со основна стратегија) | Играчите следат основна стратегија за минимизирање на ризикот | 0,5% – 1% |
Сепак, оваа предност може да варира во зависност од неколку фактори:
Бројот на шпилови карти што се користат (повеќе шпилови = поголема предност за казиното).
Правилата на масата, како на пример дали е дозволено удвојување по поделба.
Исплатата за природен блекџек 3:2 (кој се добива кога играчот добие ас и карта со 10) наспроти 6:5.
Вашето познавање на „основната стратегија“.
Без познавање на основната стратегија, предноста на казиното може да се зголеми на 2% или повеќе, што значително ги намалува вашите шанси за победа на долг рок.
Забелешка – Овие мали промени влијаат на казино игрите во живо. Онлајн игрите кадешто резултатите се добиваат со генератори на случаен исход имаат фиксни проценти на исплата што се наведени во инфо табелите.
Предност на куќата во рулет
Предноста на куќата во рулет зависи од типот на рулет што се игра: европски, француски или американски. Овие типови имаат различни правила и структури, што влијае на шансите на играчите.
Европски Рулет
Во европскиот рулет, предноста на куќата е 2,7%. Оваа верзија на играта има 37 џебови на тркалото: 36 броеви (од 1 до 36) и еден нула (0). Заради овој единечен џеб со нула, казиното има мала предност во однос на играчите.
Француски Рулет
Француски рулет го користи истото тркало како и Европскиот Рулет, но има две поволни правила наречени Ен Призон и Ла Партаж. Овие правила дозволуваат да добиете пола влог назад доколку се падне нула или пак истиот влог да остане на местото за следната рунда. Толку се поволни што играта има предност на куќата од само 1,35%.
Американски Рулет
Американскиот рулет, од друга страна, има 38 џебови: 36 броеви, нула (0) и двојна нула (00). Оваа дополнителна двојна нула зголемува предноста на куќата на 5,26%. Тоа значи дека шансите за победа на играчите се помали во американскиот рулет во споредба со европскиот и францускиот.
Варијанта на Рулет | Опис | Предност на Куќата |
Европски Рулет | Има 37 броеви (0-36) | 2,7% |
Американски Рулет | Има 38 броеви (0-36 и 00) | 5,26% |
Француски Рулет | Има 37 броеви (0-36) со правилото “La Partage” или “En Prison” за обложувања на парни исплати | 1,35% (со La Partage) |
Мини Рулет | Има 13 броеви (0-12) | 7,69% |
Како се Пресметува Предноста на Куќата во Рулет?
Предноста на куќата во рулет може да се пресмета така што се одземе процентот на исплата од 100%. На пример, ако играте европски рулет, предноста на куќата (2,7%) се добива од:
Вложувате на еден број од 37.
Вашата шанса за победа е 1/37 или 0.027.
(1/37 * 100) = 2,7%.
Оваа предност на казиното останува иста без разлика на типот на облог што го правите на рулет – без разлика дали се обложувате на еден број (што плаќа 35:1), на црвено/црно, парни/непарни, или која било друга комбинација.
Предлог – За најдобри шанси за победа на рулет, секогаш барајте европски рулет со една нула наместо американски со двојна нула.
Предност на куќата кај слот машини
Предноста на куќата во слот машините варира значително во зависност од конкретната игра и нејзините поставки. Обично, предноста на куќата за слот машини се движи помеѓу 2% и 15%.
Добро е да се каже дека има игри коишто имаат 99% процент на поврат (Book of 99), а некои игри како прогресивните џекпот слотови имаат генерално пониски исплати.
Споредба на процент на исплата на слот машина и предност на куќа
Предноста на куќата може да се пресмета како 100% минус RTP. Ако слот машината има RTP од 95%, предноста на куќата ќе биде 5% (100% – 95% = 5%).
Кај прогресивните џекпот слотови би сакале да кажеме дека нискиот поврат не значи и повисока предност на куќата. Напротив, дел од влогот оди во фондод за џекпот, па затоа процентот на исплата е помал иако операторот не задржува поголем профит.
Во следната табела презентираме како се поврзани процентот на исплата, предноста на куќата и процентот за џекпот. Нивниот збир секогаш мора да е 100%!
Исплата (RTP) на Слот Машини | Предност на Куќата | Процент за џекпот |
98% RTP | 2% | 0% |
95% RTP | 5% | 0% |
92% RTP | 8% | 0% |
90% RTP | 8% | 2% |
85% RTP | 10% | 5% |
Различни типови слот машини (стандардни, видео, прогресивни) можат да имаат различни RTP и предности на куќата.
Дизајнот и темата на слот машината исто така влијаат на RTP. Некоја игра може да нуди возбудливи бонус функции, но со повисока предност на куќата.
Некои од најдобрите онлајн слотови имаат и различни нивоа на предност на куќата при стандардна игра и при бонус рунда. Овие информации секогаш се напишано во инфо табелите и затоа е важно да ги прочитате.
Предноста на Куќата во Крапс
Крапс е популарна казино игра која се игра со фрлање коцки и обложување на исходите од тие фрлања. Предноста на куќата во крапс варира во зависност од видот на облогот, од само 0% па до дури 16%. Сепак, играта обично нуди некои од најниските предности на куќата во казиното, што ја прави привлечна за многу играчи.
Основни типови на обложувања во крапс
- Pass Line Bet – Ова е основно обложување кое има предност на куќата од само 1,41%. Кога се прави ова обложување, играчот победува ако фрли 7 или 11 на првото фрлање (come out roll) и губи ако се фрли 2, 3 или 12. Доколку се фрли друг број (4, 5, 6, 8, 9, или 10), тој станува “пункт” и играчот мора да фрли истиот број повторно пред да фрли 7.
- Don’t Pass Line Bet – Ова обложување е спротивно на Pass Line Bet и има предност на куќата од 1,36%. Играчот ќе победи ако се фрли 2 или 3, а ќе изгуби на 7 или 11 и нерешено на 12.
- Come Bet – Ова обложување функционира слично на Pass Line Bet, но се прави по првото фрлање. Предноста на куќата за Come Bet е истата како за Pass Line Bet, односно 1,41%.
- Don’t Come Bet – Ова е аналогно на Don’t Pass Bet и има предност на куќата од 1,36%.
Тип на Облог во Крапс | Опис | Предност на Куќата |
Pass Line Облог | Облог дека играчот ќе постигне поен пред 7 | 1,41% |
Don’t Pass Line Облог | Облог дека 7 ќе се појави пред да се постигне поен | 1,36% |
Come Облог | Слично на Pass Line, но се прави по почетното фрлање | 1,41% |
Don’t Come Облог | Слично на Don’t Pass, но се прави по почетното фрлање | 1,36% |
Place 6 или 8 | Облог дека 6 или 8 ќе се појави пред 7 | 1,52% |
Place 5 или 9 | Облог дека 5 или 9 ќе се појави пред 7 | 4,00% |
Place 4 или 10 | Облог дека 4 или 10 ќе се појави пред 7 | 6,67% |
Field Облог | Еднократен облог на 2, 3, 4, 9, 10, 11 или 12 | 5,56% |
Big 6 или Big 8 | Облог дека 6 или 8 ќе се појави пред 7 | 9,09% |
Any 7 Облог | Облог дека ќе излезе 7 во следното фрлање | 16,67% |
Други обложувања и нивната предност на куќата
- Place Bets – Обложувањата на специфични броеви (4, 5, 6, 8, 9, 10) имаат различни предности на куќата. На пример, обложувањето на 6 или 8 има предност на куќата од 1,52%, додека обложувањето на 5 или 9 има предност од 4% и обложувањето на 4 или 10 има предност од 6,67%.
- Proposition Bets – Овие обложувања, кои вклучуваат комбинации на резултати од фрлањата на кости, генерално имаат многу повисока предност на куќата, често од 10% до 16%, што ги прави многу ризични.
Крапс нуди широк спектар на обложувања со различни предности на куќата. За играчите кои сакаат да ја минимизираат предноста на куќата, основните обложувања како Pass Line и Don’t Pass Line се најдобри опции.
Предност на куќата во бакара
Бакара е една од најпопуларните казино игри со карти, позната по тоа што нуди ниска предност на куќата на одредени облози, што ја прави привлечна за играчите.
Во бакара, постојат три основни типа на обложувања: на играчот, на банкарот, и на нерешено (изедначено). Секое од овие обложувања има различна предност на куќата.
Основни Обложувања на бакара
Ајде да разгледаме како различни видови облози во иста игра може да ви донесат различен процент на поврат и различна предност на куќата.
Облог во Бакара | Опис | Предност на Куќата | Исплата |
Облог на Банкарот | Облог дека раката на банкарот ќе победи | 1,06% | 1:1 (минус 5% провизија) |
Облог на Играчот | Облог дека раката на играчот ќе победи | 1,24% | 1:1 |
Облог на Нерешено | Облог дека двете раце (комбинација на карти) ќе имаат иста вредност (нерешено) | 14,4% | 8:1 или 9:1 |
Намалување на Предноста на Куќата во Бакара
- Облогот на банкарот има најниска предност на куќата – околу 1,06%. Овој облог е најдобар за играчите кои сакаат да ги оптимизираат своите шанси, иако се плаќа 5% провизија на добивките. Оваа мала предност го прави облогот на банкарот најдобра опција за минимизирање на ризикот и за подобра долгорочна стратегија.
- Избегнувајте го Облогот на Нерешено – шансите за добивка се многу мали со 14.4% предност на куќата, иако исплатата е привлечна (8:1 или 9:1).
- Играјте со помалку шпилови карти – Предноста на куќата кај облогот на банкарот е помала кога се користи еден шпил отколку кога се игра со 6 или 8 шпилови. Повеќе карти во игра ја зголемуваат веројатноста за нерешен резултат, што ѝ дава на куќата поголема предност.
Предност на куќата во покер
Во покер, предноста на куќата не функционира на ист начин како во традиционалните казино игри. Наместо тоа, казиното обично заработува преку рејк (rake) на секоја рунда на обложување. Овој рејк е фиксна сума или процент од вкупниот фонд, а не предност на куќата во традиционалната смисла.
Сепак, разни варијанти на покер и начини на обложување може да влијаат на перцепцијата за предноста на куќата. Еве табела која покажува различни варијанти на покер и начини на обложување:
Варијанта на Покер | Опис | Предност на Куќата |
Тексас Холдем | Најпопуларната форма на покер, играчите се обложуваат против себе. | Не постои класична предност на куќата, но казиното зема рејк. |
Омаха | Слична на Тексас Холдем, но секој играч добива четири карти. | Исто како во Тексас Холдем. |
Пот Лимит Омаха | Играчите можат да обложуваат до максимален износ во потот. | Исто како во Тексас Холдем. |
Студ Покер | Играчите добиваат некои затворени и некои отворени карти, обложуваат се против банкарот. | рејк, во зависност од правилата на казиното. |
Карибеан Студ Покер | Играчите обложуваат против банкарот со фиксни исплати. | Околу 5-6% предност на куќата. |
Бакарат | Иако не е покер, многу казина го нудат, и тоа е често поигран облог. | 1,06% за облог на банкарот, 1,24% за облог на играчот. |
Овие вредности се приближни и можат да варираат во зависност од конкретните правила на казиното.
Совети и трикови за менаџирање на предност на куќата
Важно е да се знае дека предноста на куќата ја одредува самото казино. Во некои ситуации, националните регулативи ги ограничуваат операторите во однос на тоа колку може да профитираат. Воедно, некои игри си имаат автоматска предност на куќата што операторот не може да ја смени.
Сепак, има и некои трикови и совети што може да ги искористите во ваша корист.
Користете соодветни стратегии!
На пример, во видео покер, можете да ја намалите предноста на куќата на околу 0,5% применувајќи оптимални стратегии како што е изборот на правилната исплата и правилно играње на комбинациите. Разбирањето кои комбинации да ги задржите и кои да ги одбиете може значително да ги подобри вашите шанси.
Знајте како правилата влијаат на играта!
Во бакарат, знаењето кога да се обложите на банкарот може значително да ги помести шансите во ваша корист, бидејќи оваа обложба обично има пониска предност на куќата во споредба со обложбите на играчот или на нерешено. Предноста на куќата за обложбите на банкарот е околу 1,06%, додека обложбата на нерешено може да има предност дури до 14,36%.
Во играта со кости како Крапс, изборот на влогови може драстично да влијае на вашите шанси. Предноста на куќата за влоговите на Pass Line е само 1,41%, додека влоговите како Any Craps може да имаат предност од 11,11%.
Разберете ги варијантите и нивните прoценти на исплата!
На пример, рулет има повеќе варијанти и не секоја има иста предност на куќата. Најповолната варијанта е French Roulette, додека најлошата е American Roulette. Истото важи и за блекџек и видео покер и други игри.
Кај блекџек, на пример, треба да се разгледа е бројот на шпилови кои се користат во блекџек. На пример, игрите што користат еден шпил обично нудат подобри шанси во споредба со оние со повеќе шпилови, бидејќи секој дополнителен дек ја зголемува предноста на куќата.
Митови за предноста на куќата
Многу играчи имаат вообичаени заблуди за предноста на куќата кај интернет казино игрите.
Еве пет вообичаени митови за предност на куќата како и повеќе информации за истите.
Куќата Секогаш Победува
Мит: Често се вели дека “куќата секогаш победува,” што подразбира дека играчите немаат шанса да победат во долгорочен период.
Реалност: Додека предноста на куќата му дава на казиното математичка предност, играчите можат и победуваат. Краткорочните резултати се влијаат од случајноста, и многу играчи доживуваат победи, особено во поединечни сесии.
Предноста на Куќата Се Однесува на Индивидуалните Обложувања
Мит: Некои веруваат дека предноста на куќата се однесува на секое индивидуално обложување што го прават.
Реалност: Предноста на куќата е долгогодишен просек пресметан врз основа на многу обложувања. Таа не диктира исход на едно обложување, па играчите можат да победат или изгубат на кое било дадено обложување.
Колку Повеќе Играте, Толку Повеќе Губите
Мит: Играчи често мислат дека колку подолго играат, толку побрзо стануваат неизбежни нивните губитоци поради предноста на куќата.
Реалност: Додека продолжената игра ги зголемува шансите за манифестација на предноста на куќата, играчите сепак можат да имаат победнички серии. Среќата и варијацијата играат значајна улога во резултатите на поединечни игри.
Предноста на Куќата е Фиксна за Сите Игри
Мит: Многу претпоставуваат дека предноста на куќата е константна и се применува еднакво во сите казино игри.
Реалност: Предноста на куќата значително варира помеѓу различни игри, па дури и помеѓу различни варијации на истата игра. На пример, блекџек обично има пониска предност на куќата во споредба со слотовите.
Вештината Не Влијае на Предноста на Куќата
Мит: Некои веруваат дека вештината или стратегијата немаат влијание на намалувањето на предноста на куќата.
Реалност: Во одредени игри, како што се блекџек и покер, играчите можат значително да ја намалат предноста на куќата со применување на оптимални стратегии. Разбирањето на правилата и стратегиите на играта може да им даде на играчите подобра шанса за победа.
Разбирањето на овие митови може да помогне на играчите да се приближат кон своето игрално искуство со поконкретни очекувања и да донесат информирани одлуки во казиното.
Завршни зборови за предноста на куќата
Предноста на куќата е клучен концепт во светот на казино игрите, што игра важна улога во одредувањето на шансите за победа на играчите. Сосема е нормално да се чувствува неизвесност кога играте, но познавањето на оваа предност може да ви помогне да донесете поинформирани одлуки.
Играњето со разум и поставување на граници е од суштинско значење. Запомнете дека шансите можат да се сменат и дека среќата игра значајна улога во исходот на играта. На крајот, најважно е да се забавувате и да играте одговорно, без разлика на предноста на куќата.
Често поставувани прашања
Што е предноста на куќата во казиното?
Предноста на куќата, што претставува “предност во шансите во корист на казиното”, го претставува просечниот бруто профит што казиното сигурно ќе го оствари од секоја игра на подолг рок.
Која е просечната предност на куќата на казино игрите?
Еве ја просечната предност на казиното кај различните игри: Кај слот машините, предноста на казиното обично се движи од 2% до 15%. Кај Блекџек, предноста може да биде од 0,5% до 0,1%. Кај рулетот со една нула предноста е 2,7%, додека кај рулетот со двојна нула е 5,26%. Кај различните варијанти на покер, предноста се движи од 1% до 10%. Кај играта Сик-Бо (Sic-Bo) предноста на казиното е од 2,78% до 33,33%, а кај Кено (Keno) предноста се движи помеѓу 25% и 29%.
Која казино игра има најмала предност на куќата?
Блекџек со еден шпил карти има најмала предност за казиното од сите казино игри. Со предност од само 0,5%, таа може да се намали уште повеќе со примена на основната стратегија. По него следува играта Крапс (Craps) со 1% за одредени облози, додека Бакарат (Baccarat) има предност од 1,5%.
Како се пресметува предноста на куќата?
Сите добиени пари поделени со сите вложени пари и резултатот помножен со 100 го даваат процентот на исплата. Одземете го процентот на исплата од 100% и ќе ја добиете предноста на куќата.
Како да се победи предноста на куќата?
За да имате подобри можности за победа, препорачливо е да се насочите кон игри каде казиното има помала предност, како што се блекџек или бакара. Кај слот машините и кено игрите, казиното има значително поголема математичка предност, што директно влијае на вашите шанси за добивка.